Денеска од 19:00 часот на стадионот Рајко Митиќ во Белград, се игра 180. вечно дерби помеѓу екипите на Црвена Звезда и Партизан.
Овој дуел секогаш буди посебни емоции, пред се во Србија секако, но и ширум светот, каде што и двата клуба имаат милиони навивачи.
Тука не е исклучена и Македонија, каде што има огромен број на „Делии“ и „Гробари„.
Овојпат навивачите на Црвена Звезда ќе имаат и мотив плус да навиваат за својот омилен клуб, затоа што во моментов првотимец со сосема солидна минутажа за овој тим е нашиот Матеј Гаштаров.
Тој ужива доверба кај новиот тренер на Звезда, Риера, кој што му ја даде улогата на стартер на последните мечеви.










