Дориев е прогласен за играч на месецот

63

Нема застој во успесите и достигнувањата периодов за македонскиот интернационалец и репрезентативец Љупче Дориев. Тој вчера во победата над Машал Муборак од 5-2 постигна гол и додаде за асистенција.

Претходно, сосема заслужено, Дориев ја доби наградата за најдобар играч во шампионатот на Узбекистан за месец август. А кој би бил друг прогласен кога Дориев до овој момент сезонава има постигнато 14 гола и додаде пет асистенции за своите соиграчи.

Едноставно, напаѓачот го игра фудбалот на својата кариера. Неговите изведи и статистика во моментов може само така да се објаснат, и никако поинаку.

 

ПретходноШалке го прекина проклетството: По 9 години не загуби од Баерн
СледноТри гола во четири меча…. Младост поради Ташовски е при врвот на табелата во Србија (ВИДЕО)