Драма во „Билјанини Извори“: Е. Пелистер во последните секунди извади бод во Охрид

162

ГРК Охрид и Е. Пелистер одиграа драматично дерби во првото коло од Суперлигата, кое заврши без победник – 28:28. Натпреварот во „Билјанини Извори“ донесе голема борба, а ниту еден тим не успеа да се одлепи на повеќе од два гола разлика. „Пелистерци“ во првиот дел имаа предност од 13:15, но Охрид со подобар старт на второто полувреме израмни.

Во последните пет минути се влезе со 25:25, по што следуваше драматична завршница со повеќе исклучувања. Охрид поведе со 28:27 на 30 секунди до крајот, откако погоди Мате. Сепак, Пелистер го имаше последниот напад, а Атанасијевиќ во последната секунда погоди за конечни 28:28.

Тиквеш 2014 со победа ја отвори новата сезона во македонската Суперлига, откако на гостувањето кај Струга славеше со 28:27. Стружани имаа одлично прво полувреме и на паузата заминаа со предност од пет гола (20:15). Кавадарчани во продолжението одиграа многу подобро и со серија од 6:1 успеаја да го вратат натпреварот во егал.
Во драматичниот финиш, Бен Махфуд промаши пенал за зголемување на предноста на два гола, a Струга во последната акција постигна атрактивен гол со „цепелин“, но недостигаше секунда за погодокот да биде признат.

ПретходноТурција останува европски шампион, Србија „бронзена“
СледноГаштаров изнуди пенал, Ц. Звезда со пресврт го доби „вечното дерби“