Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

55
Фото: ПСЖ Х

Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа информација, не беа дадени информации за заработката на Шпанецот.
Сепак, француските медиуми добија информации според кои Енрике стана еден од најплатените тренери во светот со новиот договор. Неговата годишна плата беше зголемена од 12 на 20 милиони евра, а со овој потег, ПСЖ покажа колку всушност му верува на шпанскиот стручњак.
Да се потсетиме, Енрике пристигна во ПСЖ во летото 2023 година, а неговото доаѓање се покажа како правилен потег од страна на челниците на францускиот клуб, со оглед на тоа што Енрике донесе два трофеи од Лигата на шампионите во француската престолнина и тоа во три сезони.

ПретходноЈунајтед во 90+6.минута испушти победа на гости кај Евертон
СледноВлезе во соблекувалната, им вети бонус од 1 милион евра на играчите, а потоа си замина со јахта!(ВИДЕО)