Гаштаров: Среќен сум за моето прво големо дерби

78

Македонскиот бисер, Матеј Гаштаров го даде своето мислење по големата победа над најголемиот ривал Партизан во 180. „Вечно дерби“. Нашиот фудбалер одигра одличен натпревар и дури изнуди пенал, преку кој екипата на Црвена Звезда стигна до победа.

„Нема ништо поубаво од тоа кога ќе се победи еден дерби натпревар. Навистина сум среќен. Бевме многу мотивирани и одигравме навистина храбро. Ова е моето прво дерби на сениорско ниво. Одиграв многу дербиња во младинските категории, но ова не може да се спореди со нив. Им благодарам на навивачите кои што дојдоа во навистина голем број и не поддржаа. Дадовме максимум и на крајот заслужено победивме:

ПретходноУрнебесно: Еве како гредата падна врз голманот!(ВИДЕО)
СледноБледиот Јуве во последните минути се извлече од пораз со Милан