Денеска се игра 180. вечно дерби, а Гаштаров е нашиот претставник

95

Денеска од 19:00 часот на стадионот Рајко Митиќ во Белград, се игра 180. вечно дерби помеѓу екипите на Црвена Звезда и Партизан.

Овој дуел секогаш буди посебни емоции, пред се во Србија секако, но и ширум светот, каде што и двата клуба имаат милиони навивачи.

Тука не е исклучена и Македонија, каде што има огромен број на „Делии“ и „Гробари„.

Овојпат навивачите на Црвена Звезда ќе имаат и мотив плус да навиваат за својот омилен клуб, затоа што во моментов првотимец со сосема солидна минутажа за овој тим е нашиот Матеј Гаштаров.

Тој ужива доверба кај новиот тренер на Звезда, Риера, кој што му ја даде улогата на стартер на последните мечеви.

 

ПретходноКиву: Мечот Интер – Наполи е вистинска реклама за Серија А и Калчо фудбалот
СледноСамо стружани имаат стартни “осум од осум“: И Шкендија не успеа да го урне рекордот на Струга ТЛ!