Костадинов почести за новородениот син

143

Македонскиот интернационалец и репрезентативец Тихомир Костадинов пред неколку дена доби син. Тој и неговата сопруга Моника го добија малиот Стефан.

Костадинов како и секој горд татко во моментов е во вистинска еуфорија и сигурно добива стотици повици и пораки дневно во име на честитки за приновата.

Од друга страна, каде треба да почести прво, секако во клубот….

„За Стефан“…. напиша Костадинов на социјалните мрежи, а на прославата секако, „на чело“ и неговиот репрезенаттивен колега и соиграч од тимот на Словачко, Андреј Стојчевски.

Секогаш е добро кога за убав момент ќе се пренесе вест, а особено ако е од ваков интернационален карактер како на оваа прекрасна фотографија на која се наоѓаат соиграчите на Костадинов и Стојчевски, од Литванија, Ангола, Аргентина….

ПретходноВардар чека на Стефан Ристовски, тој на јахта одмара со Мрме
СледноВо Штип е можна смена на тренерот Кузманов