Урнебесно: Еве како гредата падна врз голманот!(ВИДЕО)

82
ФОТО:printscreen

И тоа го има во светот на фудбалот, посебно во Јужна Америка. Фудбалот нè изненадува секој ден со необични ситуации, но навивачите веројатно не ја виделе досега сцената што се случи во втората колумбиска лига. На првенствениот натпревар помеѓу Леонес и Атлетико, се случи бизарен инцидент кој стана вирален на социјалните мрежи за рекордно време и ја обиколи целата планета.

Кога гостинскиот тим имаше убедливо водство од 3:0, на самиот крај од натпреварот, судијата досуди пенал во корист на домашниот тим Леонес. Додека голманот на Атлетико, Мигел Арболеда, се подготвуваше да го одбрани ударот скокајќи на гол-линијата и допирајќи ја рамката на голот за психолошки да го деконцентрира изведувачот на пеналот, се случи интересна ситуација. Во еден момент, под притисок и поради очајната состојба на конструкцијата, горната греда одеднаш се одвои од стативата и слета директно врз главата и грбот на несреќниот чувар на мрежата! Арболеда беше целосно заробен под тешката конструкција за момент, додека играчите и судиите гледаа во шок од она што штотуку се случи. Натпреварот беше веднаш прекинат, а инцидентот предизвика бран критики за катастрофалната инфраструктура и одржување на теренот на колумбиските стадиони. Свесни дека натпреварот мора да заврши, фудбалерите на двата тима покажаа солидарност. Играчите на Леонес и Атлетико ги здружија силите и заедно успеаја да ја кренат и некако да ја заглават пречката на своето место за да обезбедат услови за продолжување на натпреварот. По непланиран прекин и мајсторски изведби на теренот, изведувачот на пеналот за Леонес конечно доби шанса да изведе удар од 11 метри во 87-та минута. Сепак, комедијата не заврши тука – понесен од целиот циркус и неколкуминутниот прекин, фудбалерот на домашниот тим го промаши целиот гол и ја испрати топката далеку над пречката, пропуштајќи ја шансата барем да го ублажи поразот на својот тим!


На крајот, натпреварот заврши со убедлив триумф на Атлетикс од 3:0, а апсолутен херој на средбата беше напаѓачот Алехандро Оњате, кој постигна хет-трик во натпревар кој сè уште ќе се памети повеќе по своите голови отколку по своите вештини.

ПретходноУЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?
СледноГаштаров: Среќен сум за моето прво големо дерби