Васоски: Поразите болат, но доволно сме квалитетни за да ја прекинеме таа серија

147

Тимот на Силекс во домашниот шампионат важи за еден од најквалитетните па двата последователни порази секако дека се неочекувани.

Иако истите се од Вардар односно Шкендија, најдоброто што мак фудбалот го нуди во моментов, сепак, никој не сака да губи.

Токму затоа, Силекс денеска на гостувањето кај Струга ТЛ од 16:00 часот, планира да извлече поволен резултат и да ја прекине таа неуспешна низа

„Не чека тешко гостување кај директен конкурент за Европа. Малку самодовербата ни е разнишана после двата порази, но доволно сме квалитетни и мотивирани за да извадиме позитивен резултат од Струга. Не игравме лошо ниту против Вардар, ниту против Шкендија за да претрпиме порази, но таков е фудбалот, некогаш кога не очекуваш те наградува, некогаш те казнува. Одиме напред, тие два меча се веќе зад нас и сега сме максимално фокусирани кон денешниот меч и дуелот со Струга“, изјави шефот на стручниот штаб на Силекс, Александар Васоски.

ПретходноДардишта: Денешниот дуел против Вардар за нас е далеку од формалност
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ НАД МИЛИОН ЕВРА ЗА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКИ ВО АВГУСТ