“Оди си Миленко“ од Комити погласно од стартниот триумф на “Гроф“!(ФОТО)

1166

И тоа како беше бурно на ФФМ вечерва на мечот Вардар – Арсими, последен од 6.коло во ПМФЛ. Деби победа на новиот стратег на Вардар, “Гроф“ Божовиќ од 2:0 против Арсими. Стрелци беа Закариќ во првото и Спахиу во второто полувреме.Ама тоа беше се во сенка на она што го направија “Комитите“. Најавија дека ќе протестираат против Миленко, дека ќе побараат од него заминување од клубот, и тоа го сторија.

Па така тоа нивно “Оди си Миленко“ беше јасна порака до упрвата на клубот, но тоа беше погласно од победата на Вардар вечерва на ФФМ. Имаше и прекин на мечот од 60. до 75.минута.

Вардар добро го започна мечот, со висок пресинг, со агресивна игра. Јасна беше целта, да се дојде што побргу до водство. Гостите од Чегране во одредени моменти имаа големи проблеми да ја префрлат играта на домашната половина, па се обидуваа со долги топки до Контрерас да сторат нешто, сепак безуспешно.

Првата голема шанса за Вардар и веднаш гол. Се играше 25.минута кога Маневски од лево прекрасно центрираше а Закариќ успеа да ја погоди мрежата на Силјановски. Пет минути подоцна, токму Силјановски спасува со прекрасна парада домашните да не го удвојат водството. Во 35.минута Данев од десно го проигра Омерагиќ, ама овој не успеа да ја погоди мрежата на Силјановски.

Добра игра во првиот дел на Вардар и со заслужено водство од 1:0 се замина на одмор.

Во второто полувреме Арсими и тоа како ја отвори играта. Гостите почнаа да напаѓаат, ова е некој друг Арсими. Вардар не беше тој тим од првиот дел, или свесно тоа го направи. И некаде околу 60.минута прекин на мечот кој траеше речиси околу 15 минути. По тие моменти “Комитите“ си заминаа од стадионот, со тоа искажувајќи го револтот кон управата на клубот, пред се кон Миленко Неделковски.

И јасно беше дека тешко од фудбал во продолжение. Арсими се обидуваше да дојде до гол, до израмнување. Ама тоа тешко одеше. На моменти Вардар грчевито се бранеше. Да споменеме дека гостите во неколку наврати опасно се заканија.

Со оглед на тоа дека имаше прекин од повеќе од 15 минути, сосема нормално беше што судијата Стојчевски, го продожи натпреварот за толку колку што траеше прекинот.

Се играше 90+13.минута кога Спахиу погоди за конечни 2:0. Со тоа стави победнички крај на овој меч.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноПрекин на ФФМ кој траеше повеќе од 15 минути!
СледноЕХФ со специјално видео го најави враќањето на Вардар во ЛШ (ВИДЕО)