ПМФЛ: Струга ТЛ го доби дербито, Силекс ја продолжи црната серија!

158

Во еден од дерби мечевите во 6.коло, попладнево во Струга, домапниот состав на Струга ТЛ со 1:0 успеа да победи и во четвртиот меч како домаќин оваа сезона. Победничкиот гол беше дело на Ласана Диако во 59.минута. Сега Струга ТЛ е само на -2 бода во однос на лидерот Шкендија, ова за Силекс е третиот пораз во низа. И дефинитивно тимот на Васоски го тресе резултатски криза. Порази од Вардар, Шкендија и Струга ТЛ.

Мирен почеток на мечот во кој силите ги одмерија две екипи кои важат за фаворити за висок пласман. Игра без некој посебен ризики, а кого а се игра, тогаш јасно е дека малку се шансите, а нема ни голови.

Силекс прв се закани преку Манојлов и Донов, Малески врати на другата страна, но без успех.

Радески во 30.минута ја имаше најголемата шанса за водство, ама и натаму резултатот беше оној почетниот. Така и остана, па на одмор се замина со тие 0:0.

Првата закана, и тоа опасна во второто полувреме ја упатија гостите од Кратово, и тоа преку капитенот Анѓелески кој шутираше од 15-16 метри, но тој удар во последен момент беше блокиран.

И конечно гол, и тоа во гостинската мрежа. Се играше во 59.минута кога Ласана Диако од само 3-4 метри од гостинскиот гол убаво се снајде и погоди под пречката. И дефинитивно притисокот кој го наметнаа домашните, вроди со плод. Заслужено водство на стружани.

По тој примен гол тренерот на гостите, Александар Васоски, направи неколку измени. Кратовци тргнаа со сите сили во напад, но со тоа и се “отворија“ за контрите на Струга ТЛ. Сепак во оваа фаза од мечот немаше некоја шанса на обете страни. Важно е дека играта како да „живна“, се играше побрзо на задоволство на гледачите. Делимеѓац во 73.минута од слободен удар биеше, топката закачи некого од домашните, но сепак домашните имаа среќа, ама Василев сепак за секој случај интервенираше.

Следуваше големата шансата на Герасов кој ја погоди пречката, а и Мишов беше во шанса, ама кратовци никако не успеваат да погодат, а со тоа да израмнат. А Ефтимов во 90+4.минута имаше супер шанса за 1:1, не погоди и со тоа на крајот Струга ТЛ успеа да победи со 1:0.

ПретходноОдбојкарите пристигнаа на Европско во Софија и го одработија првиот тренинг (ФОТО)
СледноНовак донесе одлука која ја чека цел свет!