Полувреме:Закариќ “тресе“ за водство на Вардар во дебито на “Гроф“ Божовиќ!

207

Вардар – Арсими 1:0 е резултатот по првото полувреме од последниот меч oд 6.коло во ПМФЛ кој се игра вечерва на ФФМ.

Добар Вардар, разигран, едноставно оваа игра личи на нешто против Арсими и тоа во дебито на новиот тренер Миодраг “Гроф“ Божовиќ.

Се играше 25.минута кога Маневски од лево убаво асистираше до Закариќ, кој стрелаше за водство од 1:0.

Се проверуваше оваа ситуација и од ВАР и голот беше потврден за 1:0. Домашните имаа шанси и преку Спахиу и Омерагиќ за поубедливо водство, но сепак на одмор се замина со тие 1:0.

ПретходноОд „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија
СледноВетено и остварено: Комити тргнаа во офанзива… „Оди си Миленко“ грмна на ФФМ (ВИДЕО)