Билиќ го објави списокот: Модриќ продолжува со Хрватска

53
фото: Croatian Football  @CroatiaFooty (X)

Новиот хрватски селектор, Славен Билиќ го објави првиот список на хрватската репрезентација откако летово го презеде кормилото од Златко Далиќ. На списокот очекувано се најде и капитенот Лука Модриќ, кој ќе продолжи да настапува за „коцкестите“.

Хрватска на 26 септември гостува кај Чешка, а три дена подоцна ќе игра против Шпанија. Во октомври следуваат и натпреварите против Англија и Шпанија, на Риека и Сплит. Билиќ повика вкупно 31 фудбалер, од кои 25 се на основниот список, а шестмина се со статус на претповик. Селекторот потврди дека со Модриќ разговарал неколку часа и нагласи дека искусниот играч и понатаму е исклучително важен за репрезентацијата.

Список на Хрватска:

Голмани:
Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Иво Пандур.

Одбрана:
Јошко Гвардиол, Јосип Јурановиќ, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Мартин Ерлиќ, Лука Вушковиќ, Иван Смолчиќ.

Среден ред:
Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашчиќ, Мартин Батурина, Лука Сучиќ, Јосип Мишиќ.

Напад:
Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса, Игор Матаановиќ, Фрањо Ивановиќ, Дион Дрена Белјо.

Претповик:
Карло Летица, Марин Понграчиќ, Кристијан Јакиќ, Ловро Мајер, Тони Фрук, Лука Стојковиќ.

ПретходноБожовиќ дебитира, Вардар едноставно мора против Арсими
СледноКерик: Ова реми делува како пораз, но не ја започнавме сезоната толку лошо