Димарко неизвесен за утрешното супер-дерби со Реал во ЛШ

47
ФОТО: FC Inter/FB

И покрај тоа што се појави на утринскиот тренинг на „нероаѕурите“ со видлива преврска на левото колено, настапот на дефанзивецот Федерико Димарко на претстојниот дуел од Лигата на шампионите против Реал Мадрид останува неизвесен.

Италијанскиот репрезентативен бек заработи полесно истегнување на лигаментите во коленото за време на неодамнешниот дерби-натпревар од Серија А против Наполи, кој заврши со победа на миланскиот клуб од 3:2, а поради повредата тој мораше да го напушти теренот во 62. минута.

И покрај тоа што Димарко ги мина утринските вежби со соиграчите, медицинскиот и стручниот штаб на Интер се очекува да ја донесат конечната одлука за неговиот статус непосредно пред официјалниот лет на екипата за Шпанија.

ПретходноСрбите сакаат да го „украдат“ Гаштаров: Ќе направиме се за да заигра за Србија
СледноВлаховиќ се соочува со суспензија по инцидентот на мечот со Фенербахче