Миовски одлучи, повеќе нема менаџерски тим

328

Еден од најдобрите македонски фудбалери во моментов, интернационалецот и репрезентативец, Бојан Миовски преку социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден објави дека нема повеќе да соработува со неговиот менаџерски тим, кој што го водеше низ кариерата до овој момент, и дека се додека не пронајде алтернатива, ќе се застапува самиот.

Како и зошто дошло до оваа одлука засега на јавноста не и е јасно, но често се случува фудбалерите на високо ниво, едноставно да прекинат соработка со некого, од најразлични причини.

Миовски во моментов е дел од тимот на Ренџерс, медиумите во Шкотска пишуваа дека е можно да оди на позајмица, но еве на пример, самиот напаѓат не така одамна токму за СпортСпорт изјави дека позајмиците во друг клуб и не му се омилена тема и дека пред се посакува целосни трансфери отколку одење во друг клуб на краток период.

Ќе видиме што ќе се случува до крајот на преодниот рок секако…..

ПретходноГаштаров по Иваниќ е најдобро оценет играч на Црвена Звезда во дербито со Партизан
СледноСрпските медиуми за Гаштаров: Продукт на Риера, Звезда добива модерен играч