Вардар – Арсими 1:0 е резултатот по првото полувреме од последниот меч oд 6.коло во ПМФЛ кој се игра вечерва на ФФМ.
Добар Вардар, разигран, едноставно оваа игра личи на нешто против Арсими и тоа во дебито на новиот тренер Миодраг “Гроф“ Божовиќ.
Се играше 25.минута кога Маневски од лево убаво асистираше до Закариќ, кој стрелаше за водство од 1:0.
Се проверуваше оваа ситуација и од ВАР и голот беше потврден за 1:0. Домашните имаа шанси и преку Спахиу и Омерагиќ за поубедливо водство, но сепак на одмор се замина со тие 1:0.















