Полувреме: Без голови и многу тактика во Струга

59

Струга ТЛ – Силекс 0:0 по првото полувреме од денешниот меч од 6.коло во елитната лига на Македонија. Иако играат две екипи со аспираации за највисок пласман, сепак речиси не видовме ништо интересно, барем што се однесува до шансите и головите. Но затоа имаше многу борба, игра без посебен ризик и исполнување на строгите тактички замисли на двајцата тренери Бледи Шкемби и Александар Васоски.

Најголемата шанса за гол ја имаше Радески во 30.минута, а Силекс во два навврати се закни по домашниот гол преку Манојлов и Донов.

Со оглед на квалитетите на Струга ТЛ и Силекс очекуваме далеку подобар фудбал во продолжение од средбата.

ПретходноВлаховиќ се соочува со суспензија по инцидентот на мечот со Фенербахче
СледноМбапе: Кога си играч на Реал секако очекуваш да добиеш „Златна топка“