На 10 септември (четврток) започнува продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

108
фото: ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември (сабота) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе започне на 10. септември (четврток).

Цената на влезниците се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари. Цените и достапните места по блокови ќе бидат детално прикажани на мапата на Националната арена „Тодор Проески“, преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk

Во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација ќе гостува и кај Словенија. Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.

Наскоро ќе бидат објавени и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварите Македонија – Шкотска (3. октомври) и Швајцарија – Македонија (6. октомври) во Луцерн.

ПретходноРојевиќ за ремито со Пелистер: Нијанси решаваа, жал ми е за оваа публика и овие момци
СледноЃорческа сигурна на стартот на ВТА 125 турнирот во Анталија