ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

129

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа што Интер влезе подобро во мечот, беше поагресивен во пресингот и создаде неколку опасни ситуации, но Реал беше исклучително ефикасен во клучните моменти.

Килијан Мбапе го отвори резултатот во 14. минута, откако Бисек погреши во изнесувањето на топката, а Дијаз ја искористи грешката и со асистенција му овозможи на Французинот да реализира за 1:0.

Само девет минути подоцна следуваше нов подарок од Интер. Голманот Мартинез непотребно ризикуваше со топката во сопствениот шеснаесетник, Феде Валверде му ја одзеде, а Уругваецот погоди за 2:0.

Лил и Реал Бетис завршија со 2:1. Лил поведе во 12. минута преку Ајасе Уеда, по одлична акција по десната страна и асистенција од Мбапе, а Бетис израмни во 33. минута со гол на Марк Бартра, кој погоди со глава по корнер. Сепак со голот на Бразилецот Александро Лил во 36. Минута ја врати предноста и замина на пауза со 2:1.

Без голови заврши полувремето на дуелите Порто – Манчестер Сити и Борусија (Д) – Виљареал.

ПретходноМите Цикарски е нов фудбалер на Пелистер
СледноИма „дил“: Меси се договори да го купи шпанскиот второлигаш!