Познати сите 30 номинации за наградата „Златна топка“: Се враќа Меси, го нема Роналдо…

52
ФОТО:France football/X

Французите го открија списокот на кандидати за најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал. „Франс Фудбал“ ги објави 30-те номинирани за „Златната топка“ за 2026 година, а листата очекувано ја предводат најголемите ѕвезди на денешницата.

Меѓу кандидатите се актуелниот светски шампион со Шпанија Ламин Јамал, англискиот голгетер Хари Кејн, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Усман Дембеле и Лионел Меси.

На листата се најдоа и Мајкл Олисе, Винисиус Жуниор, Луис Дијаз, Родри, Лаутаро Мартинез, Хвича Кварацхелија, Ашраф Хакими, Бруно Фернандеш, Витиња, Нунo Мендеш и уште низа големи имиња.

Посебно внимание привлекува фактот што Пари Сен Жермен има дури девет фудбалери меѓу номинираните, што е најмногу од сите клубови. Во изборот се најдоа Дембеле, Хакими, Кварацхелија, Витиња, Жоао Невеш, Нуно Мендеш, Вилијам Пачо, Фабијан Руиз и Маркињос.

Големо име кое повторно го нема е Кристијано Роналдо. Португалецот, кој со Ал Наср ја освои титулата во Саудиска Арабија, не се најде меѓу 30-те кандидати. Роналдо последен пат беше номиниран во 2022 година.

Јубилејното, 70. издание на церемонијата, ќе се одржи на 26 октомври во Лондон, што ќе биде првпат наградата да биде доделена надвор од Париз.

ПретходноЧупиќ пред стартот на ЛШ: Нормално Мелсунген е фаворит, но јас ќе бидам задоволен само со победа
СледноЃорѓи Ѓоргиев: Бугарија ја има најдобрата генерација во историјата, но наше е да се бориме за секој поен