Со синиќешниот меч на ФФМ меѓу Вардар и Арсими, на кој шампионот победи со 2:0, се затвори 6.коло во ПМФЛ. Воедно тоа беше и деби победа на новиот стратег на вардарци, Миодраг “Гроф“ Божовиќ. Секако дека овој меч беше во сенка на протестите на “Комити“ против актуелното раководство, но тоа е друга тема.
Да видиме каква е сега табелата.
Шкендија и натаму е лидер со 15 бодови, но откако во петокот беше поразена како домаќин од моќниот Тиквеш, сега има само +2 бода во однос на втората Струга ТЛ која пак е максимална дома. Стружани имаат четири победи на исто толку мечеви на свој терен.
Трет е Тиквеш со 11 бода, тим кој блескаше ова коло и покажа дека Шкендија и не е така непобедлива.
Вардар е на 4.место со 10 бода или -5 во однос на Шкендија, во минатото коло разликата беше -8 бода. Исто толку бодови има Шкендија Арачиново, тим кој што е дебитант и тим кој што е пријатно изненадување, барем засега. Силекс е најнепријатното изненадување, со три порази и сите три во дерби мечеви и сите во низа. Кратовци имаат само 7 бода и сега се на шестата позиција.
Арсими исто има седум бода а Брегалница е осма со шест бода.
Скопје и натаму е единствена екипа без победа и со три ремија има само три бода и е претпоследен, а Башкими победи и тоа со Скопје и дојде до првите бодови сезонава.
ТАБЕЛА
1.ШКЕНДИЈА 15 (+9)
2.СТРУГА ТЛ 13 (+8)
3.ТИКВЕШ 11 (+10)
4.ВАРДАР 10 (+4)
5.ШКЕНДИЈА А 10 (-2)
6.СИЛЕКС 7 (+3)
7.АРСИМИ 7 (-7)
8.БРЕГАЛНИЦА 6 (-3)
9.СКОПЈЕ 3 (-7)
10.БАШКИМИ 3 (-10)















