Официјално: Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на српски Земун

251
ФОТО: GFK Tikves/FB

Поранешниот тренер на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов, седнува на клупата на српскиот суперлигаш Земун. Како што објавија српски Меридианспорт, Земун конечно го реши прашањето со новиот тренер. Довербата да му ја даде на македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов, кој ќе го наследи Милан Куљиќ на клупата.

Мојсов има 41 година и во српскиот фудбал доаѓа со значително тренерско искуство од Македонија. Најголемиот дел од досегашната кариера го помина во Тиквеш, каде што работеше уште од јули 2021 година, најпрво како асистент на Влатко Костов и Панчe Блажевски.

Мојсов сега го очекува голем предизвик – да го стабилизира Земун и да започне битка за опстанок во српската елита.

ПретходноПочна Лигата на шампионите: Астон Вила „лапна“ три бода во Бриж, АЕК со минималец до победа (ВИДЕО)
СледноДиректорите на Комо се откажаа од своите места за највозрасните навивачи да го гледаат мечот со Лајпциг