Денеска поради роденденот на нашата држава нема спортски натпреварувања. Ова е ден за одмор и празнување, ама и за утринска рекуперација на оние што вчера имаа важни и тешки мечеви. Па така и фудбалерите на Струга ТЛ утринава, по вчерашната екстра важна победа во дербито со Силекс, имаа утринска релаксација во водите на Охридското езеро. Па, лесно им е на нив кога имаат езеро до себе за да вака го искористат утринскиот тренинг.
На фотографиите се гледаат насмеани лица, како и не би кога се победи тежок ривал и со тоа се фати приклучок со Шкендија во битката за титулата.
Ех, да не беше она реми со Скопје на ФФМ, сега Струга ТЛ ќе беше лидер, ама тоа е фудбалот. Ќе создадеш десет шанси, ќе дадеш само еден гол и нема да победиш.















