Табела по 6.коло: Струга ТЛ е на – 2 од лидерот, трет е моќниот Тиквеш, а Вардар се искачи на 4.место

97

Со синиќешниот меч на ФФМ меѓу Вардар и Арсими, на кој шампионот победи со 2:0, се затвори 6.коло во ПМФЛ. Воедно тоа беше и деби победа на новиот стратег на вардарци, Миодраг “Гроф“ Божовиќ. Секако дека овој меч беше во сенка на протестите на “Комити“ против актуелното раководство, но тоа е друга тема.

Да видиме каква е сега табелата.

Шкендија и натаму е лидер со 15 бодови, но откако во петокот беше поразена како домаќин од моќниот Тиквеш, сега има само +2 бода во однос на втората Струга ТЛ која пак е максимална дома. Стружани имаат четири победи на исто толку мечеви на свој терен.

Трет е Тиквеш со 11 бода, тим кој блескаше ова коло и покажа дека Шкендија и не е така непобедлива.

Вардар е на 4.место со 10 бода или -5 во однос на Шкендија, во минатото коло разликата беше -8 бода. Исто толку бодови има Шкендија Арачиново, тим кој што е дебитант и тим кој што е пријатно изненадување, барем засега. Силекс е најнепријатното изненадување, со три порази и сите три во дерби мечеви и сите во низа. Кратовци имаат само 7 бода и сега се на шестата позиција.

Арсими исто има седум бода а Брегалница е осма со шест бода.

Скопје и натаму е единствена екипа без победа и со три ремија има само три бода и е претпоследен, а Башкими победи и тоа со Скопје и дојде до првите бодови сезонава.

ТАБЕЛА

1.ШКЕНДИЈА 15 (+9)

2.СТРУГА ТЛ 13 (+8)

3.ТИКВЕШ 11 (+10)

4.ВАРДАР 10 (+4)

5.ШКЕНДИЈА А 10 (-2)

6.СИЛЕКС 7 (+3)

7.АРСИМИ 7 (-7)

8.БРЕГАЛНИЦА 6 (-3)

9.СКОПЈЕ 3 (-7)

10.БАШКИМИ 3 (-10)

ПретходноЕдинствено Васе Михаилов и како играч и како тренер учествувал на ЕП
СледноНе е ПСЖ: Еве кој е главен фаворит за трофејот во ЛШ сезонава! (ФОТО)