Поранешниот македонски репрезентативец Мите Цикарски ќе го носи дресот на Пелистер.
Искусниот 33-годишен лев бек по две сезони минати во Македонија ЃП, Вардар и Беласица, сега ќе се обиде да му помогне на Пелистер да се врати во елитата.
Неговото искуство би требало да биде значајно за Пелистер во продолжението од сезоната.










