Вардар ослабен на бековската позиција за мечот со Мелсунген: Митровиќ е под суспензија

195

Вардар утре ќе ја започне новата сезона во Лигата на шампионите без еден од важните ракометари во бековската линија, Урош Митровиќ. Српскиот интернационалец нема да настапи на гостувањето кај Мелсунген, а суспензијата ќе го оддалечи од терените и на следните три европски натпревари.

Српскиот бек не отпатува со екипата за Германија, но причината не е повреда. Митровиќ ја одработува суспензијата која ја заработи во финишот на минатата европска сезона. На реваншот од четвртфиналето во Европската лига против Монпелје во „Јане Сандански“, тој доби директен црвен и син картон, по што ЕХФ дополнително го казни со четири натпревари суспензија.

Бидејќи Вардар по тој натпревар го заврши настапот во европските купови, казната се префрли во новата сезона. Тоа значи дека Митровиќ ќе ги пропушти првите четири натпревари на Вардар во Лигата на шампионите – гостувањата кај Мелсунген и Висла Плоцк, како и домашните дуели со Нант и Висла Плоцк.

ПретходноЈаја Туре: Не се плашам од ПСЖ, ќе им направиме многу проблеми
СледноЛШ: Ливерпул – Атлетико (М) е дербито на денот, ПСЖ и Барса по први бодови дома