Киву: Бевме храбри, и тоа ме радува

59

Синоќа во рамките од премиерното коло од новата сезона во Лигата на Шампионите, на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид и Интер одиграа фантастичен меч. Голови, асистенции, шанси, „зицери“, катастрофални грешки и многу борба се само дел од елементите на овој меч.

Домаќинот секако позадоволен поради победата, но и во таборот на Интер не се нешто премнгоу разочарани. Силата и капацитетот кои што се покажани, ветуваат многу сезонава.

„Воопшто не сум лут, среќен сум од храброста и карактерот што тимот ги покажа. Ако правиш грешки, а тоа е дел од спортот, сè е во тоа како реагираш на нив и како ќе реагираш во нападот по нив, каков е твојот говор на телото и твојот став до самиот крај. Би рекол дека вечерва одигравме добро, обидувајќи се да доминираме и да ја задржиме иницијативата цело време. Тоа ме прави среќен и оптимист за иднината на овој тим. Грешките се случуваат. Знаевме дека ќе мора да им дозволиме да направат нешто во транзицијата поради квалитетот што го имаат во нападот, но останавме во играта до самиот крај, покажавме карактер и тоа беше добра изведба. Горд сум што покажавме храброст и не дојдовме тука мислејќи да играме за нерешен резултат, туку нападнавме и ја однесовме играта против тим како Реал Мадрид“,  – рече тренерот на Интер, Кристијан Киву по мечот синоќа.

 

ПретходноРФМ ги поднови прволигашите со нова опрема
СледноМакедонија домаќин на развоен турнир со Молдавија, Турција и Црна Гора