Куп -1/16 финале: Брегалница со пресврт до победа, Новаци подобар од Охрид…

274
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Попладнево се одиграа уште седум меча од првото коло или 1/16 финалето на Купот на Македонија. Во Штип, како гостин составот на Брегалница губеше од Тетекс со 1:0, сепак на крајот целосен пресврт и победа на “сините“ и пласман во следната фаза.

Новаци со 1:0 славеше против Охрид со гол во 90.минута. Башкими немаше никакви проблеми на гостувањето кај Коњаре, победа од 5:0 и пласман во осминафиналето. Таму е и Беласица која го победи Осогово со 3:1. Шкендија Арачиново го победи Детонит во Радовиш со 1:3 и ја потврди фаворитската улога. Скопје со голот на Виктор Ангелов успеа да го победи Кожув.

Претходно екипите на Силекс, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера и Вардар веќе се пласираа во 1/8 финалето.

Останува да се одиграат уште три меча од оваа фаза на Купот.

РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ

БВК Коњаре – Башкими 0:5

Детонит – Шкендија (А) 1:3

Саса – Шкупи 1:0

Кожув – Скопје 0:1

Новаци – Охрид 1:0

Осогово – Беласица 1:3

Тетекс – Брегалница 1:4

24.09.2026 – 16 Ч

Могила – Арсими

06.10.2026 – 15 Ч

Кросу Спорт Битола – Тиквеш

14.10.2026 – 15 Ч

Вардар (Н) – Работнички

ПретходноНе чека пекол во Софија, одбојкарите против силната Бугарија и полна сала на отворањето на ЕП!(ФОТО)
СледноДик Адвокат ќе биде селектор и на 80 години