Магдебург и Барса покажа сила, Нант ја доби драмата со Висла

57
ФОТО:facebook.com/SCMagdeburg/

Вечерва се одиграа уште три меча од 1.коло во ракометната Лига на Шампионите.

Магдебург на свој терен просто го декласира Колстад со 37:22. Едноставно домашмниот состав кој и оваа година е еден од големите фаворити и тоа како покажа сила. Магнусон со седум голови беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите Јепсон запиша пет погодоци.

Исто и Барса имаше моќен старт против составот на Архус. Победа од 39:28. Едноставно актуелниот европски шампион покажа кој е кој во овој момент. Дика Мем со 7 погодоци беше најефикасен кај каталонците, додека кај гостите Ларке запиша осум голови.

И во последниот меч, на дуелот Нант и Висла, кој е од групата на Вардар голема драма со среќен крај за домашните на крајот. Во последните моменти од средбата со голот на Леополд, Нант славеше со 26:25.

ПретходноРоналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!
СледноЈованов: Се боревме, ова е одлично искуство за нас