Во периодот од 10. до 16. септември во Струмица ќе се одржи развоен турнир за девојчиња до 15 години. На турнирот покрај репрезентацијата на Македонија ќе настапат селекциите на Молдавија, Турција и Црна Гора, а натпреварите ќе се играат на теренот на комплексот Пандев и на стадионот Кукуш во Турново.
Во првото коло кое е на програмата на 11 септември (петок), Македонија ќе се соочи со Молдавија. Мечот ќе се одигра во Турново, а почетокот е закажан за 16 часот и 30 минути. Во истиот термин во Струмица, Црна Гора се среќава со Турција.
На 13. септември, Македонија исто така на стадионот во Турново ќе игра против Црна Гора додека на комплексот Пандев, Турција за противник ја има Молдавија. И овие два натпревари почнуваат во 16 часот и 30 минути.
На 16. овој месец на програмата е последното коло од турнирот, а ќе се одиграат мечевите Македонија – Турција (Турново) и Црна Гора Молдавија (Струмица). Почетокот на овие дуели е закажан за 11 часот.
Селекторот на репрезентацијата за девојчиња до 15 години, Астрит Мерко за овие натпревари ги повика следниве фудбалерки:
- Илина Аврамоска (ЖФК Топ Гол)
- Ангелина Темелкоска (ЖФК Цевитана)
- Елена Мангоска (ЖФК Ас Јунајтед)
- Ива Цветаноска (ЖФК Ас Јунајтед)
- Анастасија Андреевска (ЖФК Љуботен)
- Леа Атанасовска (ЖФК Скопје)
- Вања Заковска (ЖФК Скопје)
- Теона Стојаноска (ЖФК Скопје)
- Зелије Балажи (ЖФК Ускана)
- Јонида Лика (ЖФК Ускана)
- Лина Јосифоска (ЖФК Цевитана)
- Ања Милеска (ЖФК Цевитана)
- Елена Момироска (ЖФК Цевитана)
- Јана Маркоска (ЖФК Цевитана)
- Исидора Илиевска (ЖФК Истатов)
- Роза Стамкова (ЖФК Истатов)
- Илина Јаневска (ЖФК Кочани)
- Ива Велков (ЖФК Кочани)
- Сара Саздовска (ЖФК Топ Гол)
- Илина Ѓориќ (Речица)










