Јованов: Се боревме, ова е одлично искуство за нас

41

Нашите одбојкари покрај фактот дека одиграа сосема солидно против големиот фаворит на отворањето на ЕП, сепак на крајот мораа да му честитаа на подобриот. Селекцијата на Бугарија беше подобри заслужено победи, а по мечот дебитантот на ЕП, Филип Јованов ги сподели своите импресии:

Искрено тоа што го кажавме пред натпреварот, мислам дека го исполнивме. Се боревме, достоинствено се покажавме. Сепак Бугарија е светски вицешампион. Искрено, ова е одлично искуство. Салата речиси беше полна. Не знам што повеќе да кажам освен тоа дека сум горд на себе, горд сум на момците и се надевам дека на следните натпревари ќе покажеме уште подобра игра“ истакна Јованов.

ПретходноМагдебург и Барса покажа сила, Нант ја доби драмата со Висла
СледноМајсторија на Македонецот:Миовски со гол во 90+1.минута му донесе победа на Ренџерс!(ВИДЕО)