Газета Дело Спорт: НБА доаѓа во Европа за да ја купи Евролигата

26

Сензационална вест денеска објавувва тиражната италијанска Газета. Претставници на НБА лигата најдоброто кошаркарско друштво на светот, на 5 октомври доаѓа во Италија поточно на езерото Комо, каде што ќе се одржи официјален состанок со претставниците на Евролигата, најдобрата кошаркарска лига на Стариот континент, за нејзино купување од страна на Американците. Детали околу евентуалната понуда на НБА лигата кон Европјаните засега не е позната, но се знае дека на тој состанок ќе бидат претставниците на клубовите од Евролигата меѓудругите секако.

Затоа, сопствениците на водечките европски клубови ќе разгледаат две опции, а тоа е можен договор со НБА или продолжување со независен развој на натпреварувањето. Втората опција подразбира премин кон франшизен модел и проширување на лигата – планови што извршниот директор на Евролигата, Чус Буено, веќе им ги претстави на клубовите.

Состанокот ќе биде значаен и во однос на домаќинството на идните турнири „Фајнал фор“. Милано има за цел да биде домаќин на настанот во 2030 година, додека Валенсија се разгледува како потенцијален домаќин за 2028 година. Абу Даби веќе се поврзува со домаќинството на изданијата во 2027 и 2029 година.

 

 

ПретходноТурски клуб постави 22. годишна девојка за главен тренер
СледноАлександар Таневски е нов селектор на Македонија до 21 година