Казимчан Караташ ќе почека на настап во Лигата на Шампионите. Тој не е во составот на својот Галатасарај на вечерашниот меч во Лисабон кај Спортинг кој е во тек. Ова значи дека левиот бек кој се очекува наскоро да заигра за селекцијата на Македонија не ни отпатувал во Лисабон заедно со останатите играчи на Галата.
Станува збор за 23-годишен лев бек кој од неодамна го смени спортскиот пасош и ќе игра за Македонија.










