Попладнево се одиграа уште седум меча од првото коло или 1/16 финалето на Купот на Македонија. Во Штип, како гостин составот на Брегалница губеше од Тетекс со 1:0, сепак на крајот целосен пресврт и победа на “сините“ и пласман во следната фаза.
Новаци со 1:0 славеше против Охрид со гол во 90.минута. Башкими немаше никакви проблеми на гостувањето кај Коњаре, победа од 5:0 и пласман во осминафиналето. Таму е и Беласица која го победи Осогово со 3:1. Шкендија Арачиново го победи Детонит во Радовиш со 1:3 и ја потврди фаворитската улога. Скопје со голот на Виктор Ангелов успеа да го победи Кожув.
Претходно екипите на Силекс, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера и Вардар веќе се пласираа во 1/8 финалето.
Останува да се одиграат уште три меча од оваа фаза на Купот.
РЕЗУЛТАТИ – 1/16 ФИНАЛЕ
БВК Коњаре – Башкими 0:5
Детонит – Шкендија (А) 1:3
Саса – Шкупи
Кожув – Скопје 0:1
Новаци – Охрид 1:0
Осогово – Беласица 1:3
Тетекс – Брегалница 1:4
24.09.2026 – 16 Ч
Могила – Арсими
06.10.2026 – 15 Ч
Кросу Спорт Битола – Тиквеш
14.10.2026 – 15 Ч
Вардар (Н) – Работнички










