Толку и од француското „ЗА“ Инфантино

40

Според медиумите во Франција, на утрешната седница на управниот одбор на Фудбалскито сојуз и официјално ќе биде повлечена поддршката за нов мандат на актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино.

„По состанокот на Извршниот комитет, одлуката ќе биде јавно објавена и, освен ако не дојде до некои големи непредвидени околности, се очекува Француската фудбалска федерација да ја повлече поддршката за Инфантино“, пренесе АФП.

Актуелниот претседател на ФИФА во моментов е единствениот кандидат за изборите, и покрај бурните реакции предизвикани од неговиот неуспешен обид за приватизација на Светското првенство и бројните повици за негова оставка.

 

ПретходноКарик: Работевме напорно за да дојдеме до Лигата на Шампионите
СледноНе чека пекол во Софија, одбојкарите против силната Бугарија и полна сала на отворањето на ЕП!(ФОТО)