Ѓорческа поразена во второто коло на ВТА 125 турнирот во Анталија

30

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина втората пречка на ВТА 125 турнирот во турскиот град Анталија што се игра за награден фонд од 115.000 американски долари. Поуспешна од неа беше италијанската тенисерка Аурора Ѕантедески со 2-1 во сетови (46 63 61) за 2 часа и 15 минути игра.

Ѓорческа успеа да го добие првиот сет со 6:4 во гемови. Таа поведе со 3:0, но противничката изедначи на 3:3 и 4:4, а во десеттиот гем Ѓорческа го направи вториот брејк во сетот за водство. Но, во продолжението Ѕантедески веднаш направи брејк во вториот сет за водство од 1:0, а потоа и втор брејк за 6:3. Во решавачкиот сет ривалката по 1:1 во гемови повторно имаше два брејка и сетот го заврши со 6:1 во гемови.

Ѓорческа за пласманот во второто коло освои 15 поени.

Таа следната недела ќе настапи на ВТА 125 турнир во Љубљана.

ПретходноЧетврта одбојкарска евро-мисија: Миленкоски бара старт со студени глави и борба за секој поен
СледноРФМ ги поднови прволигашите со нова опрема