Келце, Загреб и Веспрем победнички на стартот во ЛШ, ПСЖ во последен момент се спаси од пораз

39
ФОТО:facebook.com/kielcehandball

Вечерва со мечеви од 1.коло стартуваше новата сезона во ракометната Лига на Шампиони.

Келце минимално со 30:29 успеа да дојде до победа против составот на Кринс. Веројатно потешко од очелкувањата, ама победа си е победа.

Влах со осум голови беше најефикасен кај победничкиот состав, кај гостите Шипиќ исто така запиша осум голови.

Во интересен меч, Загреб сепак успеа да го победи Цеље и тоа со 31:29.Биалиауски со 9 голови имаше одлична партија, кај гостите Анжиќ со 11 голови исто така блескаше.

Алборг – ПСЖ 33:33. Домаќините имаа водство до самиот финиш на мечот, но сепак “светцоте“ успеаја да дојдат до бод, да избегнат пораз. Хоџер и Кнор стрелаа по седум пати, кај гостите најефикасен беше Соле со 10 погодоци, токму тој го спаси својот тим од пораз.

Веспрем беше најубедлив, успеа како домаќин да слави со 36:28 против Порто. Дескат и Ремили запишаа по седум голови, кај гостите Мораеш Силва исто така постигна седум голови.

ПретходноЗидан искрено: Ако не разбираш кој е најдобар на сите времиња, тогаш не го разбираш фудбалот
СледноЛШ: Магична е оваа Барса, Демировиќ со хет – трик за 12 минути за победа на Штутгарт