Блескава, магична е оваа Барса. И во првиот меч каталонскиот гоигамт покажа сила, покажа дека во моментов е во фантастична форма. Просто го разнесе Феенорд на свој терен со 5:1. Според шансите и играта, можепше и требаше да биде поубедливо. Магични голови на Рафиња два, потоа на Адејеми, Јамал и деби – гол на Жезус. Убаво е во овие моменти да се фан на Барселона која просто гази на стартот во новата сезона, па и во ЛШ.
На вториот меч од терминот од 18:45 часот, Штутгарт со 3:1 славеше против Викинг. Блескаше Босанецот Демирович кој за 12 минути, од 20. до 32.минута ги постигна сите три гола за германскиот тим.
Интересно е што гостите од Норвешка во 22.минута имаа 1:1, но фантастичниот Демировиќ просто ги расплака.










