Мурињо во одбрана на Вини: Тој не е во најдобра форма, но дава се од себе и заслужува почит

74

Тренерот на Реал Мадрид испрати јасна порака до навивачите по победата над Интер.

Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус Жуниор откако Бразилецот повторно беше на удар на дел од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“, кои го испратија со свирежи при неговата замена. Мурињо призна дека Винисиус во моментов не е во најдоброто издание, но потенцираше дека неговиот однос и ангажман на теренот заслужуваат почит.

„Тој не е во најдобрата форма и тој го знае тоа. Но работи напорно за повторно да биде Винисиус кој ги решава натпреварите. Без да биде на највисоко ниво, работи повеќе од кога било“, порача португалскиот стратег.

Винисиус против Интер не успеа директно да учествува во головите, а при излегувањето од игра во 87. минута дел од трибините реагираа со свирежи. Мурињо веднаш му пријде, го испрати до клупата и со гест му даде поддршка. За тренерот на Реал Мадрид, најважно е што бразилскиот напаѓач се жртвува за тимот и работи и во фаза кога не му оди најдобро.

„Кој дава сè од себе, заслужува почит. Јас многу го ценам овој Винисиус. Ќе дојде времето кога тој повторно ќе ги решава натпреварите и ќе ни носи победи“, додаде Мурињо.

ПретходноПочнува 34. Европско во одбојка: Македонија отвора против Бугарија, шампионот оди дирекно на ЛОИ 28
СледноТргнува новата сезона во ЛШ: Барса е прв фаворит, Вардар се враќа на големата сцена