Пресврт: Ренџерс не го пушта Миовски да си замине!

253

Бојан Миовски би можел да добие нова шанса во Ренџерс, откако повредата на капитенот Лоренс Шенкленд ги промени плановите на шкотскиот гигант за македонскиот репрезентативец. Според „Фудбал Инсајдер“, Ренџерс сега планира да му даде значително поголема минутажа на Миовски во следните месеци, а доколку тој ја искористи шансата, клубот е подготвен да размислува и за негово останување на „Ајброкс“ по јануарскиот преоден рок.

Миовски во летниот период се најде во незгодна ситуација по доаѓањето на Шенкленд и Кевин Келси. Нашиот репрезентативен напаѓач падна во втор план кај тренерот Дерек Мекинес и во првите 10 натпревари на Ренџерс сезонава настапи само на три. Минатата сезона, пак, постигна 13 голови на 42 натпревари во сите конкуренции.

Ситуацијата драматично се промени по повредата на Шенкленд, кој поради повреда на задната ложа би можел да биде надвор од терените околу три месеци. Тој му се приклучи на Јусеф Шермити на листата на повредени напаѓачи, оставајќи го Ренџерс со помалку опции во нападот. Миовски во меѓувреме неодамна објави дека се разделил со својот агент и дека отсега самиот ќе ја води својата кариера. Според „Фудбал Инсајдер“, тој во текот на летото сакал да го напушти Ренџерс и сè уште размислувал за трансфер во јануари. Сепак, повредите и новонастанатата ситуација може целосно да ја променат приказната.

И самиот тренер на Ренџерс признава дека Миовски има квалитет.

„Неговиот просек на голови по натпревар во Шкотска е многу добар. Тренира одлично“, изјави тренерот на Ренџерс, кој додаде дека иако изгледало оти Македонецот ќе замине, сега е задоволен што ги има Миовски, Келси и Рајан Надери на располагање.

ПретходноМладата ѕвезда на Борусија (Д) пренесен во болница поради проблеми со циркулацијата
СледноПочнува 34. Европско во одбојка: Македонија отвора против Бугарија, шампионот оди дирекно на ЛОИ 28