УО на ФФМ: Јакимовски на местото на Божиновски на местото претседател на Судискиот одбор

184

Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука со која што, Дејан Јакимовски да е избран за претседател на Судискиот одбор на ФФМ, наследувајќи го досегашниот претседател Божиновски. Емил Божиновски поради лични причини се повлекува од функцијата претседател на Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Божиновски, сепак, останува дел од судиското тело во рамки на Федерацијата и продолжува да придонесува со своето долгогодишно искуство во развојот и унапредувањето на судењето во македонскиот фудбал.

Јакимовски и е добро познат на македонската фудбалска пред се јавност, затоа што е поранешен судија со ститици мечеви одсудени во домашниот шампионат.

Останатите одлука на УО на ФФМ од денешната седница ви ги пренесуваме во целост:

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игралиште“ во Битола. Имајќи ја предвид неговата значајна улога во развојот на младинскиот фудбал и потребата од создавање безбедни и квалитетни услови за тренинг, Управниот одбор на ФФМ го прифати барањето и одобри поддршка за реконструкција на игралиштето, вклучително и замена на вештачката трева и санација на подлогата и неопходната инфраструктура.

– Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Дисциплинската комисија за измена на таксите за жалба до Второстепената комисија за молби и жалби. Со одлуката, таксата за физички лица се зголемува од 100 на 200 евра, додека за правни лица од 200 на 500 евра, во денарска противвредност.

– Управниот одбор на ФФМ ја прифати одлуката за организација на Детските лиги во натпреварувачката сезона 2026/2027 преку новооснованите фудбалски региони. Активностите поврзани со Детските лиги се интегрираат во Грасрут програмата 2024–2028, со што се создава единствена и поорганизирана рамка за развој на детскиот фудбал и унапредување на условите за најмладите категории.

За реализација на активностите во сезоната 2026/2027 ќе бидат искористени 160.000 евра обезбедени преку УЕФА Хет Трик, заедно со очекуваните средства од котизациите за учество во Детските лиги. На тој начин, вкупниот буџет наменет за развој и реализација на активностите во детскиот фудбал во рамките на Грасрут програмата ќе изнесува над 230.000 евра.

Целта е средствата да се насочат кон конкретни активности кои ќе придонесат за поголем број деца вклучени во фудбалот, подобри услови за нивно тренирање и натпреварување, како и долгорочен и одржлив развој на детскиот фудбал во сите фудбалски региони.

ПретходноАлександар Таневски е нов селектор на Македонија до 21 година
СледноКарик: Работевме напорно за да дојдеме до Лигата на Шампионите