Продолжува да паѓа на АТП листата: Лоши вести за Новак од УС Опен!

87
ФОТО:.facebook.com/wimbledon/

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повеќе не е дел од овосезонското издание на Отвореното првенство на САД, а неговата елиминација во првото коло го извади од Топ 10 во светот. Сепак, од Њујорк му стигна уште една информација, а тоа е дека по вчерашниот ден нема да биде ниту на 11-та позиција.
Имено, од тој неповолен момент на почетокот на последниот Гренд Слем, Новак падна на 11-то место на ранг-листата и се држеше до синоќа кога друг тенисер го престигна и го турна на 12-та позиција – Франсис Тиафо.
Овој Американец направи голем пресврт во домашното дерби и го елиминираше Алекс Микелсен со 3:2 и со тоа се приклучи на топ 10 на планетата.

ПретходноКрај на една ера: Аргентина ќе мора и без Скалони?!
СледноВЛТ НАВИВА: ВАРДАР СЕ ВРАЌА ТАМУ КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО – ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!