Украинците загубија сет од Израел, Полска моќно ја почна одбраната на титулата

44
фото: CEV.eu

Актуелниот европски шампион Полска со убедлива победа го започна настапот на Европското првенство во одбојка 2026. Избраниците на Никола Грбиќ славеа со максимални 3:0 против Португалија во првиот натпревар од групата Б, одигран во Софија.

Полјаците доминираа во текот на целиот натпревар и по само три сета ја потврдија фаворитската улога. По сетови беше 25:12, 25:18 и 25:20, па шампионот без поголеми проблеми стигна до првите три бода.

Најефикасен во победничкиот состав беше Бартломиеј Болаж со девет поени, додека Вилфредо Леон и Бартломиеј Лемански додадоа по седум.

Нашиот утрешен ривал во второто коло, Украина, пак, оствари победа против Израел со 3:1 во сетови (25:22, 25:19, 22:25, 25:19) во нивниот воведен натпревар од групата Б на Европското првенство – Евроволеј 2026.

Украинците ја оправдаа фаворитската улога и сигурно ги добија првите два сета, но Израел изненади и го освои третиот сет. Сепак, украинските одбојкарски репрезентативци во четвртиот период ја вратија контролата на теренот, го приведе мечот кон крајот со нов сигурен сет и ги запишаа првите бодови на континенталниот собир во групата во која е и Македонија.

ПретходноЛШ: Без победник и во Истанбул и во Ајндховен
СледноМароко притиска финалето на Мундијалот во 2030 година да се игра во Казабланка