Вардар во одлично светло во Германија, Мелсунген во финишот до победа

104

Македонскиот ракометен шампион Вардар со пораз ја започна новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Германија, македонскиот шампион остави одличен впечаток на гостувањето кај Мелсунген, одигра егал-натпревар, но на крајот не успеа да направи изненадување. Во натпреварот од првото коло во групата Б, домаќинот славеше со 33:31, откако на полувреме водеше со 16:15.

За Вардар ова беше враќање во елитното европско натпреварување по пауза од четири сезони. Мелсунген, пак, дебитира во Лигата на шампионите откако минатата сезона ја освои Европската лига на ЕХФ.

Вардар одлично го отвори натпреварот и долго време му парираше на германскиот тим. Избраниците на Иван Чупиќ не се предадоа. Предводени од расположениот Лука Љевар, „црвено-црните“ на пауза заминаа со гол негатива.

Во второто полувреме Мелсунген отвори подобро, направи предност од 3 гола и потоа успеваше некако да ја одржи долго време. Со серија добри напади и неколку одбрани на Васил Гогов, македонскиот првак стигна до само еден гол негатива, 28:27, но не искористи напад за израмнување. Мелсунген повторно се одлепи и се врати со предност за победа.

Најефикасен кај Вардар беше Марио Воркапиќ со девет гола, додека Љевар постигна седум.

ПретходноДе ла Фуенте: „Златната топка“ треба да ја добие Шпанец
СледноРастодер погоди за убедлива победа на Панатинаикос