ФК Вардар ја платил казната од 250.000 евра!(ФОТО)

124

Како што информираат од страна на ФК Вардар, денеска е платена казната од 250.000 евра на УЕФА. Како што е познато пред извесно време УЕФА го казни шампионот со 250.000 евра поради неправилности во финансиското раководење на клубот во минатото.

Еве што велат од ФК Вардар:

ФК Вардар АД денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра (двесте и педесет илјади евра).

Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.

Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА.

ПретходноМиленкоски: Против Бугарија одигравме добар натпревар!
СледноОгромна трагедија…. се самоуби поранешниот фудбалер на Партизан