Халкбанк обезбеди 20 компјутери за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје

48

Халкбанк АД Скопје донираше 20 компјутери на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Скопје, со што придонесе за обновување на компјутерската опрема и подобрување на условите за настава во училиштето. Опремата пристигнува непосредно пред почетокот на новата учебна година, кога учениците повторно ќе се вратат во училишните клупи и ќе им биде ставена на располагање во рамки на редовната настава и училишните активности.

Современата технологија денес е важен дел од образовниот процес, а пристапот до соодветна компјутерска опрема им овозможува на учениците полесно да ги развиваат своите знаења и дигитални вештини. Со новите компјутери, гимназијата ќе располага со дополнителни ресурси кои ќе можат секојдневно да ги користат и учениците и наставниот кадар.

Оваа активност се надоврзува на повеќегодишниот ангажман на Халкбанк во различни области значајни за заедницата, меѓу кои важно место зазема образованието. Минатата година Банката обезбеди 27 компјутери и монитори за ОУ „Тефејуз“ во Скопје, како дел од заложбите за создавање подобри услови за учење и развој на младите.

Преку своите општествено одговорни активности, Халкбанк континуирано настојува да одговори на конкретните потреби на заедницата и да придонесе за области кои имаат долгорочно значење. Вложувањето во образованието и во условите во кои младите учат и се развиваат останува важен дел од таа определба.

 

ПретходноДисциплинска комисија при ФФМ: Вардар казнет со 3000 евра и еден меч вез публика
СледноДе ла Фуенте: Трамп ми рече дека ја заслужувам “Златната топка“, ама не го разбрав целосно