Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

79

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека е под постојан лекарски надзор, и дека ситуацијата воопшто не му е добра.

Лекарскиот тим му дијагностицирал сериозна ментална состојба, за што треба третман и време. Конкретно, се работи за хипоманија, состојба на покачено расположение, необична хиперактивност и намалена самокритика. Лице во таква состојба доживува фази на еуфорија, зборливост и психомоторна агитација.

Тој нагласува дека клучната сила што го натерала да побара лекување била желбата да го заштити своето семејство и да обезбеди стабилност за својот наследник. „Си реков дека не треба и не можам да го уништам животот на мојот син. Морав да поминам низ навистина комплицирани и тешки периоди, но лекувањето сè уште е во тек.“ – вели Лавеци.

ПретходноСелта и Фрајбург во „трка“ за Љатифи, но тој добива нов договор од Осијек
СледноСкопје повторно станува центар на европското и светското џудо!