Вардарецот Абделхак со трет најубав гол на колото во ЛШ!(ВИДЕО)

80

РК Вардар, некогашниот европски шампион, вчера се врати во Лигата на Шампионите играјќи на гости кај Мелсунген во меч од 1.коло во елитната ракометна лига на Европа. Иако вардарци беа поразени од тимот на некогашниот стратег на “црвено – црните“, Роберто Парондо со 33:31, сепак одиграа сосема квалитетен меч.

Новото засилување на РК Вардар, Мохаб Абделхак, запиша пет голови на вчерашниот меч, а еден од нив се најде на третото место меѓу петте најдобри или најубави на колото.

ПретходноЕнес Уста и ФК Гостивар го загубија спорот пред CAS во Лозана! Потврдени одлуките на ФФМ
СледноКапитенот на младата репрезентација замина на позајмица во Дукла