Дарија Крстевска на големата сцена: 19-годишната атлетичарка ќе ја претставува Македонија на СП!

68

Македонија ќе има свој претставник на Светското првенство во трчање на пат, кое на 19 и 20 септември ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

На големата светска сцена ќе настапи 19-годишната Дарија Крстевска, која ќе се натпреварува во дисциплината 5 километри и ќе има можност да се соочи со најдобрите атлетичарки од целиот свет.No description available.

За Крстевска ова е голем чекор во кариерата и одлична можност да го покаже својот потенцијал на едно од најголемите натпреварувања во атлетиката.

Нејзиниот настап во Копенхаген е уште една потврда дека македонската атлетика има со што да се гордее, а на Дарија ѝ останува да ужива во искуството и достоинствено да ја претстави Македонија.

ПретходноБизарно интервју на Мајкл Олисе, новинарот не знаеше што да прави!(ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Стојчевски “главен“ на дербито во Кавадарци