Ефремов по поразот од Украина: Позитивно е она што се случуваше во првите два сета

97
фото: CEV.eu

Македонската одбојкарска репрезентација одигра два одлични сета, но не успеа да направи изненадување против фаворитот Украина во второто коло од групната фаза на Евроволеј 2026. Нашите одбојкари го претрпеа вториот максимален пораз, но по овој меч веќе треба да се прави стратегија за простанатите три меча.

Младиот одбојкар Тоше Ефремов доби шанса во третиот сет, успеа да освои еден поен, а по мечот даде и свое водување на денешниот дуел со Украинците.

„Игравме два тесни сета со Украина денеска, но во третиот паднавме. Во клучните моменти не реагиравме смирено, а напротив, тие тоа го поседуваат. Имавме проблем на тој силен сервис да се браниме и да го ставиме над нас, за да можеме да се разиграме. Но сепак, мислам дека во овој натпревар има некоја позитивна страна. Тоа се првите два сета во кои одигравме егал, да се каже, а имавме наша шанса и за повеќе, но очигледно треба повеќе да работиме. Благодарам на селекторот што ми даде шанса и ќе продолжиме да работиме за добра игра“, вели младиот Ефремов.

 

ПретходноОдредени двојките и за новата сезона во Женската Прва лига
СледноФИА не крие: Кинезите влегуваат во Формула 1 со свој тим?